Младиот штипски пливач Методи Георгиев со златен медал на Меѓународен пливачки турнир во Бугарија!

Младиот пливач Методи Георигев од Штип викендот учествуваше на 13-тиот Меѓународен пливачки турнир „Руси Русев“ во Стара Загора, Бугарија каде го освои првото место и златниот медал во дисциплината 200 метри делфин.

Голем успех за младиот пливач, кој до овој голем успех стигна со одлични подготовки, а на овој турнир учество земаа 400 пливачи од Бугарија и Македонија.

Георгиев нижи големи успеси на меѓународни турнири во Македонија и во странство.

Александар Ванев, М-Нет