Штипските „студенти“ ја „нанижаа“ и третата одбојкарска победа и се борат за 4 место кое води во плеј – оф

Вистински празник на одбојката можеа да видат гледачите ширум Македонија преку директниот пренос на МТВ од локалното Суперлигашко дерби УГД Студент Штип – Весна Пробиштип. Натпреварот заврши со максимална победа на домакините од 3:0, но сето тоа се оствари по голема борба што го покажува и односот на поените по сетови: 25:20; 25:23 и 25:12;. Со оваа трета по ред победа од пет досега одиграни кола, штипјани водат огорчена борба со тетовска Шкендија за зачувување на 4 место на табелата кое води пак во разигрување или во плеј – оф натпреварите. Во наредното 6 коло на Супер лигата на Македонија одбојкарите на УГД Студент Штип ќе се сретнат со бранителот на двојната титула тимот на Струмица.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk