
Согласно одлуката на Владата, за забрана за групирање на повеќе од 4 лица преку текот на денот и во вечерните часови, се бара начин плус да се спречи ширењето на ковид пандемијата. Со оваа мерка се ограничуваат пред се малдите, по затворањето на кафичите и угостителските објекти во 21 часот, да не можат да продолжат во парковите или на други отворени места. Бидејќи, она што ги плаши граѓаните се токму тие, младите, бидејќи не ги почитуваат мерките и не носат маски. Исто така, во денешната спроведена анкета, граѓаните бараат поголема одговорност и самосвест од сите лица, зашто се работи пред се за сопствното здравје. Не е исклучена и можноста за воведување на полициски час, според граѓаните, ако само така би се спречила корона пандемијата. Одговорноста игра огромна улога, а станува збор за здравјето на секој поединец па почитувањето на мерките за заштита треба да се кренат на повисоко ниво. Болеста не бира години, невидливиот непријател ги напаѓа подеднакво и старите и младите. Разликата е во способноста на организмот на поединците да се справат со истиот. Апелот останува ист, да се почитуваат мерките за да се спречи ширењето на Корона вирусот. Но, простор за нов полициски час, според министерот за здравство Венко Филипче, сеуште нема, а потребата од почитување на секојдневните рестрикции и понатаму расте.
Лаура Стојанова М-Нет