
Армијата на Република Северна Македонија со низа активности и задачи, учествува во борбата со справување со корона кризата. Но, изостанува директното обезбедување на болниците како што претходно беше предвидено од страна на претседателот на државата. Тој истакна дека дел од ресурсите и средствата од армијата ќе се организираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од Ковид-19.
– „Армијата има различни задачи, да обезбедува медицинска поддршка со медицински сили, и тоа се прави во текот на целиот период во време на пандемијата. Имено, медицинскиот центар обезбедува еден дел од својот персонал за земање брисеви и епидемиолошки анализи, но, не и директно обезбедување.“- беше дел од денешната изјава на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Обезбедувањето на болниците ќе биде спроведено од страна на претходните професионални војници, кои без униформа и без оружје, се очекува да воспостават ред и да се добијат повеќе информации за граѓаните. Дополнително на седницата на генералниот штаб се дојде до одлука неколку санитетски возила со возачи од страна на армијата да се отстапат за болниците во Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет