Стогодишниот јубилеј Брегалница ќе го зачини во прволигашкото фудбалско јато

Штипскиот второлигаш Брегалница успешно ги заврши подготовките за пролетниот дел во Втората Македонска фудбалска лига група Исток. Брегалница презими на челната позиција освојувајќи 42 бода пред второ пласираната екипа на Тиквеш од Кавадарци која собра 35 бодови, или веќе има 7 бодовна предност. Брегалница се подготвуваше во Штип и во Дојран и според зборовите на шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски се одиграа 7 контролни средби. На овие натпревари се направи увид во спремноста на сите играчи, во нивната форма и подготвеност во извршување на тактичките задачи на своето раководство. Веќе во сабота ќе се одиграат натпреварите од првото пролетно коло во кое на „ градски “ во Штип ќе се сретнат Брегалница – Победа (Прилеп) .

Спортската редакција на Мнет ТВ ја продолжува одличната соработка со ФФМ и од натпреварот Брегалница – Победа во сабота ќе врши директен ТВ пренос со почеток во 14.00 часот. Ова ќе биде убава можност во услови на пандемија и празни трибини симпатизерите на фудбалот пред малите екрани да уживаат во мајсторските потези на играчите на теренот. Колку за потсетување Брегалница во овој втор круг вториот натпревар ќе го одигра во Росоман по што ќе се направи ждрепка за третиот круг по кој ќе се дознаат понатамошните противници. Сите во Штип со нетрпение очекуваат Брегалница својата сто годишнина од постоењето да ја круниса со пласман во прволигашкото јато.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk