
Сертификат за пристап до со НАТО пазарот доби штипска Актива, а истиот го додели Министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Со овој сертификат фирмата ќе може да конкурира на тендери и ќе има пристап до НАТО пазарот. Во земјва има 44 компании кои имаат пристап до овој пазар посочи Петровска, која истакна дека и придобивките се доста големи.
„Пазар кој е многу голем и кој е голема шанса да ги помогне и да допринесе за развојот на македонската економија. Јас овој позитивен пример на оваа компанија е пример и за останатите компании во државата кои не пристапи за нивна регистрација на НАТО пазарот, да го искористат како успешен пример.“ – вели Петровска.
Сопственикот на компанијата „Актива“-Штип, Иле Николов при денешната посета на министерката за одбрана, Петровска изјави дека со овој сертификат се отвара една нова визија и во нивниот производен програм.
„Ние сме подготвени како што подготвени да ги работиме и оние елементи за нашите сериозни партнери од Западот. Се надеваме дека со овој машински парк и со оваа инфраструктура која ја имаме овде ќе бидеме подготвени да учествуваме на серизони тендери за да добиеме серизони нарачки и од овој потенцијален инвеститор.“ – вели Николов.

Инаку сертификати и пристап до НАТО пазарот имаат компании од различни сектори, како градежништво, прехрана, некои од нив и угостителски услуги нудат во смисла на организација и настани. Инаку, Оваа штипска компанија произведува делови и за автомобилската индустрија, како и колички за транспорт за големите светски аеродроми. Имаа широк спектар на произдводство, кое е модернизирано, со роботи машини, а какошто рече Николов се надева дека после година или две ќе можат да се пофалат и со првите производи, коишто веќе ќе бидат испорачани од нивна страна на пазарот за потребите на НАТО.
Лаура Стојанова М-Нет