Со свечена и пригодна манифестација денеска се одбележа патрониот празник на ООУ „Димитар Влахов“ Штип

Денес под мотото родниот јазик е бисерен ѓердан се оддржа свечена манифестација по повод одбележување јубилејни четериесет години од постоењето на основото општинско училиште Димитар Влахов во Штип. Директорката во оваа прилика посочи да се чува македонскиот јазик зошто тој е спомен од прадедовците.

“Денес основото општинсо училиште „Димитар Влахов“ го празнува своето 40 годишно постоење. Горди сме како училиште на сите досегашни успеси и постигнувања. Благодарение на соработката на наставниците, благодарение на стучниот персонал, стручните работници, административно-техничкиот персонал. Благодарение кои несебично се даваат, вложуваат, амбициозност, упорност, и тимска соработка. Се надеваме за уште успешни генерации, чествување на патронатни празници како што е денес кој што го славиме со пригодна приредба. Им благодарам на сите за денешниот ден, да уживаме нека ни е честит патрониот празник“, изјави директорката Невенка Величкова

Манифестацијата беше проследена со музичко- ритмички точки: интонирање на химната на државата, химната на училиштето, настапи и рецитали на учениците.

Лаура Стојанова М-Нет