Штипската касарна „Јане Сандански“ го одбележа својот патрон празник

Касарната Јане Сандански денеска со положување свежо цвеќе и пригодна манифестација го одбележаа патрониот празник И 107 годишнина од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански. На настанот присуствуваше и градоначалникиот на Општина Штип, Иван Јорданов, преставници од музичкото и текстилното училиште во Штип, како и претставници од здружението на борци.

„Денес го одбележуваме 22 април, 107 години од смртта на нашиот истакнат револуционер, војвода, пиринскиот цар Јане Сандански. Воедно денес го чествуваме и патрониот празник на касарната чие име од формирањето на македонската Армија, од април 1992 година гордо го носи нашата касарна, а во градот под Исарот името на големиот револуционер и војвода е испишано на таблата на средното општинско медицинско училиште“ – кажа Костов.

Јане Сандански е роден на 18 мај 1872 година, растел во сиромашно семејство, завршил основно училиште и два класа гимназија, а потоа три години работел како чирак, а му помагал и на својот татко во извршување на земјоделските работи. Јане немал широко образование, но по природа бил надарен со ум и снаодливост. Бил убиен на 22 април 1915 година од своите политички противници.

“На надгробната мермерна плоча напишана е и неговата мисла „Да живееш значи да се бориш, робот за слобода, а сободниот за совршенство“. Јане загина со оваа мисла, но продолжи да живее во нашите песни, легенди, во книгите и во нашите мисли“

Настанот започна со изведба на македонската химна изведена од страна на ученик од средното музичко училиште, а заврпи со изведба на неколку музички точки.

Лаура Стојанова М-Нет