Последниот пазар пред Велигден во Кочани солиден, земјените производи во прв план

Последен пазарен ден пред Велигден во Кочани. Уште рано изутрина имаше голема раздвиженост. Покрај храната која се бараше и купуваше на пазарот, се купуваше и текстил, но најбарани беа земјените производи. По стара традиција од генерациите наназад пред Велигден се купува земјен производ, па кочанчани ја негуваат традицијата. Гужва на тезгите можеше да се забаележи цело време, а тоа го потврдуваат и самите продавачи.

„Побарувачката е голема, ова е традиција од време си постое сега ја продолжуваат и младите, бараат секој земјено да си земе за празникот за здравје, за убаво. Најмногу бараат чинии, нешто украси, тави од сѐ по нешто.“

Граѓаните ја потврдуваат сликата на терен. Велат за Велигден треба да се купи земјен производ па чекаат на ред за ја испочитуваат традицијата. Истовремено, се купуваше и јајца, зеленчук и овошје.

Овој четврток задоволни се и продавачите на овошје и зеленчук во градскиот пазар во Кочани. Според нив денес побарувачката е задоволителна.

„Побарувачката е задоволителена денес, добро се движат и цените и потрошувачка“

Боја за јајца исто така можеше да се најде на пазарот во Кочани, или поедноставно производи имаше, народ исто така, последниот пазар пред Велигден може да се оцени како солиден.

Лаура Стојанова М-Нет