Заврши пријавувањето за гласање од дома

216 болни и изнемоштени лица од Општина Штип и 30 заболени и во изолација од ковид 19 се пријавиле до ноќеска на полноќ во Општинската изборна комисија. Правото на глас болните и лицата во изолација заради коронавирусот ќе го остварат на 13 јули, понеделник, кога комисија од лица од изборачките одбори и медицински лица ќе овозможи на овие лица да гласаат од сопствениот дом. Наредниот ден, вторник 14 јули гласачкото право во сопствениот дом ќе го остварат 216 болни и изнемоштени лица, како и лицата кои се на лекување во Клиничката болница и штитениците во Казнено Поправниот Дом во Штип.

Денот на избори, 15 јули гласачките места ќе бидат отворени од седум до 21 часот.