
Околината на македонскиот Холивуд Штавица близу Прилеп беше локацијата на првиот Сениорски натпревар во спортско качување дисциплина Болдер. Колку за објаснување во спортското качување постојат три дисциплини:
- Водство – качување со долги насоки со јаже
- Болдер – качување на кратки насоки без јаже
- Брзинско качување во кое се мери времето и брзината.

Во организација на Спортско – качувачкиот клуб Вертикал од Битола настапија триесетина натпреварувачи во машка и во женска конкуренција од 4 македонски градови. Штипскиот клуб Астибо се престави со четворица натпреварувачи од кои Јован Иванов го освои првото место а второ место освои Михаела Санева која настапи за прв пат во конкуренција на Сениори иако нема наполнето 16 години.

Во оваа сезона спортските качувачи ќе се натпреваруваат на отворено, на природни карпи бидејќи поради пандемијата спортските сали со вештачки карпи засега мируваат. Следниот предизвик членовите на Астибо ќе го имаат во Скопје кога ги очекуваат нови возбудувања и се надеваат на нови поволни и успешни резултати. Инаку во спорско качувачкиот клуб Астибо од Штип главен тренер и инструктор е Јован Иванов кој има настапувано но многу републички, балкански па и на европски натпреварувања на кои има постигнато врвни резултати.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk