
Денеска 8ми март се празнува Меѓународниот ден на жената. Овој ден е прилика да се прослави инспиративната улога на жените во борбата за нивните права и градење еднакво општество. Гласот на жената сеуште е неслушнат и сеуште постојат стаклени бариери за тие да го остварат својот целосен потенцијал. По повод 8ми март, денот на жената се одбележуваше на разни начини. Утринава полициски службеници во Кочани на жените возачи им подарија цвеќиња во чест на овој ден. Цвекиња се делеа и во централното градско подрачје во градот под Исарот.
Заложбите за подигање на гласот на жените, оставрување на нивните права и можности, беше презентирано и од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во Штип флаери и цвеќе се делеше и од нивна страна.
„И годинава меѓународниот ден на жената, редно е да се одбележи соодеветно на полето на постигнувањето на родова рамноправност во нашето општество. СДСМ како партија е посветена на постигнување на родов баланс, на креирање средина во која и мажите и жените ќе уживаат исти права.“ – истакна Костова.
Во време на пандемија се одбележува годишниот ден на жената, но штипјани согласни дека симболично треба да и се оддаде посебна почит на поубавата половина и тое не само денес туку секој ден.
Жените имаат право да уживаат во еднсквоста на секое поле заеднички со мажите. Тие се борат со сите сили да бидат слушнати и признаени рамноправно во општеството. Среќен 8 ми март на сите дами.
Лаура Стојанова М-Нет