Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини на почетокот на градежните активности за изградба на трибина на „градски“ во Штип

Временските прилики конечно дозволија да започнат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини сo свои соработници во присуство на градоначалникот на Штип Сашко Николов, сопственикот на Брегалница Кирил Гогов и штипски фудбалски работници лично дојде да се запознае со овој проект при што ја истакна заложбата на ФФМ во подобрувањето на условите и инфраструктурата ширум стадионите во Македонија. Изградбатата на стадионот во Штип е од врвен приоритет за ФФМ, Штип како фудбалски центар го заслужува тоа во иднина овде да се одигруваат натпревари од клупски и репрезентативен карактер.

Инаку изградбата на западната трибина на градскиот стадион во Штип е дел од хет – трик програмата во соработка на ФФМ и на УЕФА во вредност од над 1.500.000 евра и на која трибина ќе се инсталираат 2400 седишта со модерни простории, соблекувални, вип – ложи, санитарии, новинарски и репортажни делови и со дел за лица со посебни потреби. Градот Штип и ФК Брегалница наскоро ќе бидат пример за една успешна приказна на фудбалска Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk