Шлепер го блокирал патот кај мостот кај село Лесковица

Кај мостот кај село Лесковица руски шлепер се извртел од патот, односно на преминот кој е направен за привремено поминување на автомобилите додека во меѓувреме се работи на обиколницата Штип – Радовиш. Со шлеперот патот е блокиран и автомобилите мораат да се вратат назад бидејќи се уште нема никаква интервенција од надлежните служби. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.