Сите граѓани со социјален статус ќе може да добиваат беспалтана правна помош

Сите граѓани со социјален статус ќе имаат можност да користат бесплатна правна помош. Ова денеска беше промовирано пред Основниот суд во Штип од страна на Заменик министерот за Правда Ахим Нихиу и Државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи.

„Сите граѓани кои имаат социјален статус имаат право да го користат механизмот, тоа значи дека правните совети, судски и административни такси ќе бидат покриени од Буџетот на Министерството за правда.“ – истакна Ахим Нихиу, Заменик министер за правда.

Важноста на Министерството за Правда е да се види персоналот со кои предизвици се соочува, но и да се согледа задоволството на граѓаните согласно извештаите и анализите кои се прават.

„Идејата на бесплатната правна помош е да секој граѓанин правдата му биде достапна и од овде апелира сите граѓани кои имаат потреба од користење на беспалтна правна помош може да се обратат во Општина Штип каде имаме две канцеларии.“ – истакна Мухамед Точи, Државен секретар во Министерство за Правда

Министерството за правда вложува дополнителни напори да дел од канцелариите кои имаат итна потреба за реновирање и реконструкција со средства одвоени од ресорното министерство да го добијат истото. Денеска ова беше петта посета на канцелариите со кои се нуди бесплатна правна помош на граѓаните со социјален статус.

Лаура Стојанова М-Нет