Шкупи и официјално испадна во Втора лига, поранешниот шампион на Македонија најлош тим во Европа!

На осум кола до крајот и официјално Шкупи испадна во Втората македонска фудбалска лига, поранешниот шампион на Македонија е најлошиот тим во Европа.

Шкупи по 25 одиграни кола во Првата лига има учинок од едно реми и 24 порази, а тимот од Чаир е единствениот од најсилните лиги во Европа кој нема позитивен резултат односно има само еден освоен бод.

Шкупи во сезона 2021/2022 ја освои шампионската титула, во сезона кога Академија Пандев Брера Струмица беше втора, а Шкендија трета.

Покрај Шкупи поради кратењето на лигата уште две екипи ќе треба да испаднат директно во Втора лига, а во таа трка се Македонија ЃП, Работнички, Пелистер, Арсими. Три екипи испаѓаат, а две играат бараж и натаму не се сигурни Брера Струмица и Башкими.

Од следната сезона Прва лига ќе брои десет екипи, а Втора лига 14, а веќе за следната сезона во второлигашкото друштво сигурно ќе биде Шкупи.

Александар Ванев, М-Нет