Се празнува Благовец, граѓаните со посна трпеза ќе ги одбележат домашните имендени

Се празнува празникот Благовец, ден посветен на Мајката Божја – Богородица. Верниците го одбележуваат споменот на благата вест што архангелот Гавриил ѝ ја донесе дека ќе го роди Спасителот. Празникот симболизира надеж, духовна чистота и почеток на човечкото спасение. Во храмовите се служат литургии, а граѓаните го одбележуваат денот со молитва и традиционални обичаи. Благовец носи порака на радост, благослов и нов почеток за сите.

Граѓаните се децидни, празникот и традициите денес се почитуваат повеќе од порано. Гледаат како младите се повеќе оснознаваат за смислата на животот, преку спасителот Христа

Инаку, празникот менува ден, но никогаш датум и секогаш се празнува на 7 април. На овој ден именден празнуваат Благој, Благојка, Блаже, Баж и слично.

Иван Митев, М-Нет