Фудбалерките на Кочани со висок пораз, Каменица Саса загуби од Љуботен

ФОТО: Александар Ванев

Лидерот на табелата во Првата женска фудбалска лига, Скопје забележа уште една победа откако на домашен терен со 2:0 го доби тимот на Речица и со тоа веќе екипата од Пржино станува нов шампион на Македонија.

Љуботен го одигра последниот натпревар со интернационалки откако најави крај на една ера, згаснува брендот во женскиот фудбал, а во рамки на 21. коло славеше со 4:1 над Каменица Саса.

Единствениот меч без победник беше тој во Струга меѓу Ас Јунајтед и Вардар (1:1), а пак Тиверија Брера со 6:0 го декласираше тимот на Кочани.

Сигурна и убедлива победа забележа Истатов од 3:0 над „фенерџијата“ Топ Гол.

Прв е Скопје со 60 бодови, следува Тиверија со 45 бодови, Истатов трет со 44, Љуботен е четврти со 43 бодови. Каменица Саса петта со 36 бодови, Ас Јунајтед е шести со 34 бодови.

Вардар седми со 15 бодови, Речица е осма со 11 бодови, Кочани во во бараж зона со 7 бодови, Топ Гол на дното со 4 бодови.

Александар Ванев, М-Нет