Шкендија подобра на тестот со Динамо Батуми, првенец за штипјанецот Ване Крстевски

ФОТО: ФК Шкендија

Тетовскиот прволигаш Шкендија со 2:0 беше подобар на тестот со грузискиот тим Динамо Батму на подготовките во Анталија.

Анес Мелиќи во 19. минута обезбеди предност за екипата на Шкендија, а на стартот од вториот дел новото засилување штипјанецот Ване Крстевски постигна гол за 2:0 со што го постави конечниот резултат.

Александар Ванев, М-Нет