ПРИЈАТЕЛСКИ: Пораз на Брера, реми за Работнички, Пелистер подобар од Поградец

Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателските натпревари преку кои се темпира формата за пролетната полусезона.

Струмичкиот прволигаш Брера беше поразен во Анталија од украинскиот тим Черноморец Одеса со 3:1.

Работнички ремизираа (2:2) со црногорскиот тим Младост на подготовките во Хрватска.

Второлигашот Пелистер денес одигра пријателски натпревар против екипата на Поградец од Албанија, а на овој тест битолчани беа подобри со 2:0, откако Петар Љамчевски беше двоен стрелец.

Александар Ванев, М-Нет