
Денес заврши македонскиот фудбалски шампионат во Првата лига во која за изненадување на сите нашиот легендарен скопски Вардар ќе се пресели во Втора лига. Ова никој, па и најголените песимисти не го очекуваа, но ете клубот го оставија на цедило, сите дигнаа раце од него и се случи најголемиот крах во неговата историја. Шкендија е новиот шампион, а патот кон Европа го „истрасираа уште и Шкупи и Струга Трим Лум а прволигашки опстанок преку бараж ќе бараат Ренова и Силекс. Нови прволигаши се штипска Брегалница и Скопје. Уште одамна беше познато дека во Втора лига покрај Вардар ќе се пресели и Беласица . Еве ги конечните резултати од ова последно 33 коло:
- Академија Пандев – Борец 3:1
- Пелистер – Беласица 2:0
- Ренова – Работнички 1:1
- Шкендија – Шкупи 1:1
- Силекс – Струга Трим Лум 0:1
- Вардар – Македонија ЃП 0:2
Табела
- Шкендија 75
- Шкупи 59
- Струга ТЛ 57
- Македонија ЃП 55
- Работнички 48
- Пелистер 45
- А. Пандев 41
- Борец 40
- Силекс 36
- Ренова 36
- Вардар 31
- Беласица 17
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk