Одбојкарите на УГД Штип се нови Кадетски шампиони на Македонија

Денес во Струмица под техничка организација на клубот УГД Штип се одржа завршниот фајнал – фор во Одбојка во конкуренција на Кадети. Според информацијата од Делегатот на овој турнир Марјан Тасев, екипата на УГД Штип е новиот Кадетски шампион на Македонија со извојувани две победи. Најпрвин штипските кадети за победија екипата на Мастер Волеј од Скопје со резултат 2:0 а во финалето ја победија екипата на Весна Пробиштип со резултат 3:1. Ова е одличен успех на штипските млади одбојкари кои минатата година скоро во истиот овој состав беа Пионерски првак на Македонија.Ова е уште една потврда за раскошната генерација на млади и талентирани штипски одбојкари кои под раководство на тренерскиот „триумвират“ Ванче Санев, Кристијан Ристевски и Љупче Зенделов одлично напредуваат и воодушевуваат ширум одбојкарските сали на Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk