Шкендија е нов фудбалски шампион на Македонија а Вардар е со нова надеж

Денес се одиграа натпреварите од редовното 29 првенствено фудбалско коло во кое тимот на Шкендија на 4 кола пред крајот ја осигура шампионската титула на Македонија. Ве натпреварот на дното екипата на Вардар конечно победи и се стекна со нова надеж за прволигашки спас. но дали ќе успее во тоа останува да го проследиме самиот финиш. Силекс исто така во драматичен меч дојде до 3 бода и тој бара сламка за спас од опасната зона. Еве ги комплетните резултати од ова 29 коло:

  1. Силекс – Академија Пандев 3:2
  2. Пелистер – Ренова 1:0
  3. Вардар – Беласица 1:0
  4. Шкендија – Борец 3:1
  5. Шкупи – Работнички 2:0
  6. Македонија ЃП – Струга ТЛ 2:3

Табела

  1. Шкендија 68
  2. Шкупи 55
  3. Македонија ЃП 48
  4. Струга ТЛ 47
  5. Работнички 41
  6. Пелистер 38
  7. А. Пандев 34
  8. Борец 33
  9. Силекс 32
  10. Ренова 31
  11. Вардар 31
  12. Беласица 17

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk