
Се почество сме сведетали за успешните и славни патеки на наши македонски спортисти кои сами, со својот раскошен потенцијал си го пробиваат патот кон звездените мигови. Од сите страни на светот пристигнуваат ведри, пријатни и милни информации за успешниот од на многу наши поготово млади спортисти чии имиња ги красат светските трансфер листи и се во фаза на исчекување на погоден момент како тие наши звездички би заиграле во некој поголем и респектабилен тим. Андреј Наков е наше, македонско дете родено на 8 септември 2004 година во Скопје. Фудбалскиот танц почнува да го изучува мошне рано, на 6 годишна возраст во клубот New stars како едно од десетината деца во овој тим. Цели 5 години Андреј тренира овде, за да ја продолжи својата кариера во фудбалската школа на „Форца“под будното око на некогашната фудбалска легенда Јовче Џипунов. Овде и под команда на Јовче Џипунов, Андреј Наков постигнува метеорски успех и за само една година се издвојува од своите генерациски другари и се приклучува на генерацијата 2001/2002 г. каде што уште повеќе фудбалски се „потковува“. Во 2018 г. Андреј Наков фамилијарно заминува за Малта, каде што по краток разговор тој започнува со тренинзи во вториот тим на Sirens FC У-15. По само еден месец Андреј влегува на пријателски натпревар и вистински ја „решета“ противничката мрежа постигнувајќи 4 гола за само 20 минути. Овој меч и овие голови беа пресудни за Андреј кои конечно му ги отворија сериозните фудбалски порти . Клубот веднаш побара согласност од неговите родители за да тој Андреј Наков биде регистриран за настап во У – 15 лигата на Малта. Во оваа категорија Андреј во сезоната 2018/19 постигнува одлични резултати и во оваа сезона тој започнува со тренинг во тимот У – 17. Во следната 2019/2020 сезона Андреј се повеќе се надградува и „жнее“ уште по бериќетни резултати. Во сезоната 2020/2021 тој започнува и завршува на блескав начин, постигнува 21 гол на само 8 натпревари што преставува клупски а исто така и рекорд во целата У -17 лига на Малта. Во декември 2020 г. тренерот на сениорскиот тим, некогашниот италијански легендарен играч на повеќе клубови од Серија А , Џовани Тедески, се уверува во раскошниот талент на Андреј Наков и го превзема во сениорскиот тим на Sirens FC. Во оваа 2021 г. во месец февруари Андреј Наков го имаше дебитанскиот 26 минутен настап на свои 16 години. За краток период Комитетот на екипата се решава и со Андреј Наков потпишува професионален договор со што и официјално постанува најмладиот член на овој клуб на 16 годишна возраст. За фудбалските бисери на Андреј Наков сведочат следните податоци и каракетристики кои ни ги предочи во ексклузивниот разговор неговиот татко, Тоше Наков кој е роден штипјанец.
Сезона 2018/19 – категорија У – 15
Андреј Наков на 4 натпревари постигнува 10 голови меѓу кои и три хет-трика и на три пати бил прогласен за Играч на натпреварот.
Сезона 2019/2020 – категорија У – 17
На 9 натпревари Андреј постигна 15 голови а на 5 беше прогласен за Играч на натпреварот.
Сезона 2020/2021 – категорија У – 17
На 8 натпревари Андреј постигна 21 гол за да на 5 меча беше прогласен за Играч на натпреварот. Со овие голови Андреј постави рекорди како за својот клуб за кого настапува така и во целата У – 17 лига на Малта.
Најновата сезона Андреј Наков ја започна фуриозно, на првите 3 натпревари тој постигна 12 голови а на некои постигна по рекордни 5 голови. Ова е само мал дел од фудбалска сага за Андреј Наков чие име веќе се наоѓа на светските трансфер листи како потенцијал кој треба да се привлече, со него да се разговара и секако да го облече дресот на некој од респектабилните светски клубови. Во разговорот со неговиот татко Тоше Наков дознав дека има огромен интерес за Андреј Наков кој е изразит универзален напаѓач висок 1.78 см. и тежок 68 кг. кој пак благодарејќи на Јовче Џипунов одлично „барата“ и со левата и со десната нога. За жал како и со многу други наши македонски бисери расфрлани по светските зелени терени, сеуште нема интерес кај некои од нашите селектори во младинските конкуренци Андреј Наков да го повика и да заигра за Македонија. Едноставно огромна е неговата желба да се бори, да гине по теренот и да дава голови во дресот на некоја од македонските селекции. Спортската редакција на Мнет ТВ ќе ги следи и понатаму фудбалските подвизи на Андреј Наков посакувајќи му успешна и блескава кариера со мотив и надеж еден ден да се појави како репрезентативец и на нашите македонски терени.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk