Горан Здравков: Дечките на ФК „Каменица Саса“ се изборија за висок пласман и ги освоија симпатиите на рударското градче за што стигнува награда – нова реконструирана трибина

Екипата на Каменица Саса одигра извонредно во Пехчево и успеа да му откине бод на тимот на фаворизираниот тим на Кит Го. Специјално за Мнет, шефот на Стручниот штаб, Горан Здравков изјави дека во Пехчево неговата екипа уште во раната фаза на натпреварорт,односно во првите 5 минути прегу расниот стрелец Сашко Дуков рано дојдоа до водство од 0:1. Беа пропуштени уште 3 сто постотни шанси по што следуваше казна.

Имено со голот на Бошко Ступиќ екипата на Кит Го го израмни резултатот на 1:1. Во продолжение имаше и други посериозни шанси кои сепак останаа неискористени и резултатот од 1:1 се покажа и како конечен резултат на овој меч. Горан Здравков ја истакна огромната борбеност на своите играчи како и исклучително дисциплинираниот однос кон извршувањето на поставените тактички задачки кои резултираа со добра игра и освоен голем бод од Пехчево за што од срце им честита. Екипата конечно тргна во фуриозен ритам што резултира и со високиот моментален пласман кој до крајот може да биде и подобар.Тој исто времено упатува огромна благодарност кон домакините за одличниот прием во Пехчево и пред се на фер и коректниот однос на сите актери на теренот. Судиската четворка на чело со битолчанецот Благојче Ралевски беше одлична и со вакво коректно судење се враќа вербата во македонскиот фудбал. И најново кое го потенцира Горан Здравков е тоа што сигурно добрите игри придонесоа за реконструкција на единствената трибина која ќе добие ново руво со поставени столчиња на кои конечно треба да се вратат симпатизерите на фудбалот кои поради пандемијата цела година се отсутни од стадионите а благодарејќи на директните преноси на Мнет ТВ ги следат второлигашките фудбалски збиднувања.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk