Шкендија Арачиново прва го отвара зимскиот трансфер период: Промовиран Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија Арачиново прва го отвара зимскиот преоден рок со промоција на Владимир Жоглев како ново засилување за пролетниот дел од сезоната.

Жоглев доаѓа од редовите на Осогово, а за клубот од Кочани тој беше најдобар стрелец во есенската полусезона со пет постигнати погодоци. 27-годишниот офанзивен играч во Осогово се задржа една година, а сега ќе има нов предизвик во својата кариера да настапува за тимот од Арачиново кој есенскиот дел го заврши на второто место на табелата.

Низ својата кариера Жоглев покрај за Осогово има настапувано и за скопски Вардар, Тетекс, Беса од Добри Дол, прилепска Победа и валандовска Победа, Маџари Солидарност, како и за тимот на Борец од Велес.

Тимот на Љупчо Марковски – Калц сега добива на квалитет во нападот, а со тоа ќе ја продолжи мисијата кон влез во Прва лига.

Инаку зимскиот преоден рок во македонскиот фудбал се отвара на 15 јануари, а ќе биде отворен до 11 февруари, период кога клубовите можат да ги регистрираат играчи во нивните редови.

Александар Ванев, М-Нет