
Работнички и Шкупи одиграа катастрофална есенска полусезона и веќе со една нога се во Втората лига. Пред нив е многу тежок период – зимската пауза секако дека ќе биде искористена за да се направат сериозни промени, како играчки, така и на некој друг план со цел да бидат колку толку конкурентни барем за баражот.
Директниот опстанок веќе станува невозможна мисија особено за Шкупи кој е на дното со само еден бод и практично единствениот тим кој не се израдува на позитивен резултат – има 15 порази и само едно реми токму со Работнички.
Тимот од Дебар Маало е место над Шкупи односно претпоследен со седум бодови, но сериозно заостанува од зоната за директен опстанок, за бараж ќе биде исклучително тешко бидејќи ќе треба сериозно да се разигра уште од првото пролетно коло Работнички и да собира бодови, но притоа конкурентите да нижат порази.
Најзрели кандидати за испаѓање од елитата се токму Шкупи и Работнички, а со оглед дека испаѓаат директно последните три екипи тогаш во пролетниот дел битката за да се избегне таа позиција ќе ја водат Македонија ЃП, Пелистер, Тиквеш, Брера Струмица, не се сигурни ниту Башкими и Арсими, но овие две екипи одиграа одлична пролетна полусезона.
Две позиции водат кон баражот тоа се деветтото и осмото место на табелата, а тоа ветува „жешка“ пролет кога е во прашање трката за опстанок.
Што и како ќе менуваат овие екипи ќе бидат познато во следниот период, а најмногу „ремонт“ се очекува кај Шкупи и Работнички. Минатата сезона „романтичарите“ се бореа за титула и излез во Европа, ја загубија трката за титулата, но излегоа во Европа, каде по едно коло беа елиминирани, а сега ја губат и трката за опстанок во елитата.
Александар Ванев, М-Нет