
Кошаркарките на Тим Арена од Штип претрпеа тежок пораз од лидерот Гевгелија во Втората женска кошаркарска лига, откако во рамки на 6. коло загубија со 71:28.
Овој е голем и тежок пораз за штипскиот тим кој одлично ја отвори сезоната, но сега следува огромен пораз во спортската сала „26 април“.
Во однос на останатите два натпревари. Струга со 62:44 на домашен терен ја доби Риниа Баскет, а пак Охрид беше поразен на домашен терен со тесни 53:58 од составот на Гостивар на домашен паркет.
Во рамки на шестото коло од второлигашкиот шампионат слободна беше екипата на Шкупи. На врвот останува тимот на Гевгелија со 11 бодови, а пак Гостивар и Струга го делат второто место со по девет бодови.
на четвртото место е штипска Тим Арена до осум бодови, а по шест бодови за делба на петтото место имаат Охрид и Шкупи, а на дното е Риниа Баскет со четири бодови, како единствен тим кој нема позитивен резултат.
Во следното коло Тим Арена на домашен терен ќе игра со Струга, Риниа Баскет ќе го пречека Охрид, а пак Гостивар ќе се соочи со Шкупи, додека пак тимот на Гевгелија ќе биде слободен.
Во однос на самата статистика тимот на Гевгелија има постигнато најмногу поетни дури 395, а пак Струга има најдобра одбрана со примени 215 поени. Најголема позитивна поен разлика има Гевгелија од 136, а пак Тим Арена има минус шест поени разлика штипските кошаркарки постигнаа 250 поени, а имаат примено 256.
Александар Ванев, М-Нет