
Третолигашот Шкендија од Арачиново и во новата сезона влегува со високи амбиции и цели, односно атак на првото место и обезбедување на баражот за Втора лига.
Минатата сезона Шкендија заврши на второто место со само еден бод помалку од шампионот Куманово, кој и во новата сезона останува во Трета лига бидејќи загуби во баражот од прилепска Победа, а Шкендија за новата сезона ќе гради далеку поконкурентен тим и со тоа ќе се наметне како главен фаворит за првото место и баражот.
Нови засилувања во таборот на Шкендија Арачиново се Јусуф Алиу кој доаѓа од редовите на второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш. Алиу стави потпис на договор од една година со можност за продолжува на уште една година, а Шкендија со Алиу добива квалитетно засилување кое има прволигашко и второлигашко засилување.
23-годишникот потекнува од Шкупи, има настапувано за Влазерими, Охрид, Беса, Тетекс и последно Детонит Плачковица.
Клубот од Арачиново исто така го претстави и 19-годишниот Емра Рамаднаи, кој потекнува од школата на Шкупи, а настапуваше во косовскиот шампионат. Станува збор за млад и перспективен фудбалер.
Претходно, како што објави телевизија М Нет екипата на Шкендија го претстави и Љупче Трпески кој доаѓа од охридскиот прволигаш Воска Спорт, а беше претставен и Борјан Тодоровски од редовите на третолигашот Аеродром.
Во новата сезона Шкендија Арачиново влегува со високи цели, најавени се уште неколку квалитетни засилувања, а целта ќе биде прво место и бараж за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет