
Штипскиот пливач Методи Георгиев освои сребрен медал на Меѓународниот пливачки митинг во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
На овој пливачки митинг настапија пливачи од седум држави односно Босна и Херцеговина, Азербејџан, Унгарија, Словенија, Германија, Србија и Македонија.
Георгиев освои сребрен медал во дисциплината 200 метри делфин, а четврто место на 100 метри делфин.
На овој пливачки митинг настапија 250 пливачи, а штипјанецот уште еднаш направи голем успех, а фокусот сега се насочува на следните спортски настани кои му претстојат на Георгиев.
Александар Ванев, М-Нет