Реџеп Хајдари го освои трофејот на 48. Меѓународен традиционален турнир во борење „Македонски бисер 2024“, кој беше одржан во Кочани

Вчера во Кочани се одржа 48. Меѓународниот традиционален турнир во бодење „Македонски бисер 2024“ на кој трофејот го освои репрезентативец Реџеп Хајдар, додека пак најдобар домашен борач, воедно и техничар беше Стефан Штерјов, а Егзон Џони од Косово е најдобар странски бора.

Настанот традиционално започна со македонски ора и тапани, а на отварањето присутен беше и министерот за спорт Борко Ристовски, кој на отварање истакна дека министерството за спорт дава поддршка за вакви спортски настани.

Спартак беше технички организатор на Македонскиот бисер, заедно со Боречката федерација на Македонија.

На отварање на „Македонскиот бисер“ претседателот на федерацијата Дејан Богданов истакна дека во изминатите три години работеле многу, а тоа резултира со олимписка норма, Владимир Егоров ќе оди на Олимписките игри во Париз.

Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов истакна дека епитот Кочани град на спортот ќе го задржат со спортски настани како „Македонскиот бисер“.

На турнирот учествуваа 29 борачи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија и Еквадор.

Меѓу присутните беа и олимпискиот шампион Шабан Трстена, и поранешниот претседател на федерацијата Ванчо Чифлиганец.

Александар Ванев, М-Нет