
Доколку поединци што ја вршат дејноста со брзите кредити имаат не фер трговски практики, институциите на државата ќе превземат соодветни активности. Премиерот Мицкоски во денешната изјава посочи дека овие лица имаат дозвола за работење и вршење на дејноста која што ја вршат, но ако јавноста се чувствува загрозено, ќе се вклучат институциите во државата.
“Видете претпоставувам дека тие имаат дозвола за работење, дозвола за вршење на дејноста, која што ја вршат, но ако јавноста нормално се чувствува загрозено дека тука има не фер трговски практики и дека тука има не пазарно однесување на поедници што ја вршат оваа дејност, се разбира дека институциите на државата ќе превземат активности.“, вели Мицкоски
Со ваквиот начин на работа, според утврдени правила, се очекува да се обезбеди поголема доверба и на корисниците, но и на надлежните институции и секако и на целокупната јавност во индустријата на финансиски друштва
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет