Шкендија Арачиново го доби дербито со БВК, висока победа за Еуромилк ГЛ, Фортуна и Беса Влазрими

Денес се комплетираше 1. коло во Трета лига – Север, откако истото беше отворено вчера со победа на Академија Илинден од 2:0 над Кадино.

Мега дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија заврши со триумф од 0:2 за гостинот од Арачиново. Мега дерби кое можевте да го следите на М Нет, а на кое проследивме доста атрактивни шанси.

Чалафи од пенал погоди за 0:1 на полувреме, а Аџами во вториот дел по нафрлена топка од гол си постигна автогол за конечно 0:2.

Денес дебитантот Ржаничино загуби со 1:4 од фаворитот Еуромилк ГЛ.

Ангел Настевски беше двоен стрелец, Исмаиловски погоди од игра, а Тасески погоди од пенал. За домашниот тим погоди Маневски.

Со по два гола на Мифтар и Кадриу екипата на Фортуна триумфираше над Башкими Љуботен. За гостинот погодија Авдулаи и Курти.

Беса Влазрими со 6:3 триумфираше над Риниа, во меч каде за домашниот тим хет-трик постигна Фетаи, а по еден гол постигнаа Бајрами, Касуми и Сулимани. За гостинот Сулејмани, Абдула и Арифи беа стрелци.

Во дербито на новите третолигаши Њу Старс со 4:1 славеше над Пчиња.

Ѓорѓијев, Силјановски, Тренески и Киш погодија за домашниот тим, а за гостинот Цаневски.

Ланскиот шампион Куманово со 2:3 славеше над Аеродром.

Алексоски и Кузмановски беа стрелци за домашниот тим, Јовановски и Тодоровски погодија за Куманово, а Поповски постигна автогол за конечни 2:3.

Александар Ванев, М-Нет