Седум гола во Дојран, Слога на Грнев победнички прошета низ Берово

Денес започна новата сезона во Трета лига – Исток, а најмногу погодоци паднаа во Дојран вкупно седум за победа на Хоризонт Турново над Дојранско Езеро.

Благој Истатов беше двоен стерелец за гостинот, а по еден гол постигнаа Черкезов и Коцев. За домашниот тим Гушев и Илиев постигна по еден гол, а автогол си даде Гоцев.

Велинов и Ефремов постигнаа погодоци за победа на Карбинци од 2:0 над Ударник.

Брегалница Делчево со голот на Александар Илиев дојде до победа од 0:1 над Тиверија во Струмица.

Фаворитот Слога Виница однесе победа од 0:3 над Малеш во Берово со погодоците на Ѓорѓиев, Николов и Воинов.

Новиот тренер Емил Грнев тргна со победа на клупата на Слога Виница.

Овче Поле со 3:1 го совлада новајлијата Светлост од Зрновци на домашен терен. Трендафилов, Панев и Нацев беа стрелци за победникот, а за гостинот погоди Голчовски.

Александар Ванев, М-Нет