Шефки Арифовски ќе ја води Беласица до крајот од сезоната

Телевизија М Нет ексклузивно дознава дека Беласица се одлучи за привремено решение околу тренерското место, откако младиот Благој Гуцев по денешниот пораз на струмичката гордост од Слога Виница (2:3) одлучи да си замине од тренерското столче.

Како што дознава телевизија М Нет, Шефки Арифовски седнува на тренерското столче и повторно ќе ја води Беласица, овој пат до крајот од сезоната.

По завршувањето на сезоната Беласица „на мирна глава“ ќе одлучува кој ќе биде тренер за следната сезона.