Детонит Плачковица со штампани маичи му го честиташе Јубилејот од 100 години на Караорман

Детонит Плачковица и Караорман одиграа натпревар без погодоци (0:0) на Градскиот стадион во Радовиш, а радовишани се покажаа уште еднаш дека се добри домаќини.

Детонит Плачковица го пречека Караорман на Градскиот стадион во Радовиш со штампани маички со кои му го честиташе Јубилејот од 100 години на Караорман од Струга.

„Благодарност до ФК Детонит Плачковица за убавиот прием и честитање на Јубилејот 100 години Караорман со штампани маички. Заедничка фотографија на фудбалерите на Детонит Плачковица и Караорман“, велат од ФК Караорман.