
Стартот на новата грејна сезона поголем дел од граѓаните во Штип го дочекаа подготвени. Иако како што велат пред камерите на М-Нет телевизија временските услови се уште дозволуваат да се седи без оган или клима сепак подготвени се за ниски температури. На терен прашавме на што се греат штипјани, дрва или струја. Анкетираните со поделен став ама согласни дека скапа е и струјата и дрвата.
„Комбинации, знаеш како е кога има дрва кога нема, сруја кога има кога нема. Ние сме од стариот век, си имаме шпорет на дрва и на струја па што даде Господ тоа. Од члани имаме купено дрва“ – велат граѓаните.
За исплатливост не може да се зворува велат со денешните примања. Секој според своите навики јаминува зимската сезона. Скапо е ама мора да се запали оган или, пак, да се вклучи клима или друго грејно тело.
„Да ви кажам во денешно време тешко може да се каже што е поисплатливо. И дрвата скапи и струјата скапи, сите дрва ги изгоревме.“ – додаваат граѓаните.
Цената на дрвата оваа сезона е нешто поевтина за разлика од минатата кога порасна драстично.
Лаура Стојанова М-Нет