Шест нови заболени од КОВИД 19 во Штип – сто помалку во самоизолација

Вирусот КОВИД 19 е овде и ќе продолжи да опстојува во Штип, и покрај тоа што во изминативе денови бројот на излекувани е околу сто –  ова го изјави градоначалникот на Општина Штип, кој истакна дека во овој момент има 472 граѓани во самоизолација.

Во однос на конфекциите, после вториот бран, неколку од фирмите работ со 50 до 60 отсто од капацитетите, а само една од помалите работи со 100 отсто од вработените. Реалното растеретување на вработените значи помал број кои патуваат во автобусите и работат. Но, тоа не смее да значи дека треба да се опуштиме, затоа што тоа може да не донесе до потешка ситуација, од која што бевме до сега, рече Бочварски.

Во клиничка болница Штип, бројот на пациенти е намален, хоспитализирани се 16 лица, кои според изјавата на Бочварски биле во стабилна состојба. Во наредните денови се очекуваат резултатите од детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири – Трена“, од каде што според официјалните податоци за вкупно заболени во државата, два од шестте новозаразени случаи во Штип се токму од овие установи.

Со цел заштита на најмалите, градинките нема да се отвораат наскоро. Од Министерството за здравство апелираат до родителите да им укажуваат на децата во однос на носењето маски и групирањето, бидејќи иако поретко заболуваат, поради тоа што најчесто се асимптоматски, можат да ја шират инфекцијата.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА/ МНет