
Доколку временските услови дозволат, во текот на утрешниот ден во Општина Штип, преку овластена фирма ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција.
Дезинсекцијата која предвидува ставање таблети за уништување на ларвите од комарци ќе се врши во сите места со стоечка вода во урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип.
Третирањето ќе се врши со соодветни препарати во периодот од 9 до 13 часот.
Во случај на дожд, ветар и слични неповолни временски услови, дезинфекцијата ќе биде одложена за нареден поволен ден.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет