Шесто засилување за Гостивар: Рушту Јонус го засили лидерот во Втора лига

Гостивар дефинитивно е најактивен клуб во зимскиот трансфер рок, откако денес беше претставено и шестото засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.

Есенскиот шампион се засили со младиот Рушту Јонус, кој во редовите на Гостивар доаѓа од второлигашот Охрид.

20-годишникот покрај за Охрид настапуваше за Кит Го од Пехчево, Работнички и младите категории на Шкупи, а има настапувано и за Бешикташ од Чаир.

Гостивар вчера го претстави Фахрудин Ѓурѓевиќ, а претходно се засили со Симеон Христов, Рејан Абази, Гордијан Христовски и Фисник Зука.