
Штипскиот шаховски клуб Нов Напредок оствари голем резултат во Екипното првенство на Македонија освојувајќи го четвртото место.
Во екипното првенство на Македонија настапуваат осум екипи, меѓу нив и Нов Напредок од Штип, Донче Јорданов кој е секретар на клубот вели дека се задоволни од постигнати резултати.
„Во Струмица од први од осми август се организираше шаховското првенство на Првата македонска лига. Во истата учество зедоа осум екипи меѓу нив се натпреваруваше и нашиот клуб Нов Напредок од Штип. Задоволство ми е да кажам дека постигнавме како за почеток одличен резултат, а тоа е освојување на четвртото место на турнирот“, рече Донче Јорданов, кој е секретар на клубот, но и највозрасниот член на клубот од Штип.
Сега шаховскиот клуб Нов Напредок своите активности ќе ги насочи на локално ниво, а со почетокот на новата учебна година ќе започне со работа и шаховската школа на Нов Напредок, а целта на клубот за 2026 ќе биде подобар пласман во однос на 2025 година.
„Сега активностите на нашиот клуб ќе бидат насочени пред се на локално ниво, кога ќе започне новата учебна година, ќе започне со работа и нашата шаховска школа, а понатаму сметаме и да организираме младински турнир. И 2026 година ќе настапуваме во Првата лига и да го подобреме овој резултат“, дополува Јорданов во неговата изјава за М Нет телевизија.
Шаховскиот клуб Алкалоид ја освои 27. титула од 1992 година до денес, а за скопскиот клуб ова е тринаесеттата титула во низа. На второто место заврши Мулти Есенс, а пак трет беше тимот на Гамбит Ассеко, сите три од Скопје.
Четврт беше тимот на Нов Напредок од Штип, петтото место му припадна на Гостивар, шести беше Куманово, седми Шкупи, а пак на осмото место заврши Прилеп.
Александар Ванев, М-Нет