Шабан Сулејман е нов тренер на второлигашот Шкендија Арачиново

ФОТО: Илхан Османи

Второлигашот Шкендија Арачиново го назначи Шабан Сулејмани за нов тренер, кој доаѓа на местото на Еркан Мурсели.

Сулејмани ќе биде нов шеф на стручниот штаб, а носи големо искуство, сер аботи за тренер кој претходно беше дел од Беса од Добри Дол, Работнички, Лирија од Косово и Гостивар.

Новиот тренер на Шкендија Арачиново, работеше и во стручниот штаб на Мурсели, а сега доаѓа на местото шеф на стручен штаб и ќе го води тимот како прв кормилар.

„Сулејмани носи професинализам, посветеност и јасна визија. Тој е стратешки лидер и неуморен мотиварот за нашиот тим“, истакнаа од Шкендија Арачиново по промоцијата на Сулејмани за нов тренер.

Клубот веќе работи на оформување на тимот за новата сезона, во голем дел ќе биде задржат тимот за следната сезона како што дознава М Нет телевзија, а дополнително беа претставени и две засилувања. Како што веќе информиравме се работи за голманот Баки Алиу и Гентиан Амети.

Според нашите информации околу почеток на месец јули екипата од Арачиново ќе ги започне почетокот на подготовките, а дополнително ќе известиме околу планот на подготовки и пријателските натпревари кои ќе ги одигра екипата на Шкендија со цел темпирање на формата за новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет