
Бдение со читање на 12 страсни Евангелија, како и изнесување на Св. Распетие, ќе спроведат денес свештенослужителите од Брегалничката Епархија, заедно со митрополитот Брегалнички г. Иларион во храмот Св. Никола во Штип со почеток од 18 часот. Во ова читање на 12-те страдални евангелија се опишани настаните поврзани со распнувањето и страдањата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, како и востановените двете суштествени тајни за нашето спасение, Тајната вечера во која Хрисотс вели:„Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.
Покрај денес, и утре наутро распети петок со почеток од 7 30 во овој храм ќе се оддржи читање, но овој пат за царските часеви. Воедно ќе биде изнесена и светата Плаштеница. Истиот ден во 18 часот ќе се одржи и оплакување на гробот на Господ Исус Христос со пеење на статиите.
На велика сабота од 8 часот наутро ќе има литургија посветена на Св. Василиј Велики, а веќе од 23 часот и 30 миннути, полуноќница со биење на камбаните и објавување на Воскресението Христово, како и пасхална литургија на Св. Јован Златоуст.
На првиот ден Велгден односно во недела во 9 часот ќе има читање на светото евангелие на различни јазици , а на вториот ден понеделник во 7 и 30 повторно утрена богослужба насловена како Света Златоустова.
Литургија ќе има и на Велики Вторник со почеток од 7 часот и 30 минути , идентична како во понеделникот.
Иван Митев, М-Нет