
Големото покачување на платите на директорите на средните училишта е неправда, која удира дирекно врз грбот на наставниците, истакнуваат од ОО СДСМ Штип. Секретарот на оваа организација Галаба Вереса, вели дека платата на директор ќе се пресметува според бројот на паралелки, така што коколу поголемо е училиштето, толку поголемо ќе биде покаќувањето. Така што директор со над 50 паралелки ќе зема 49 проценти повеќе од основната плата и ќе добие додаток за стаж до максимум 20 проценти.
,,Со новите измени на Законот за средно образование, се пропишува нова пресметка на платите на директорите на средните училишта, кои од 19 април ќе добиваат големо покачување на платите. Платата на директор ќе се пресметува според бројот на паралелки – колку поголемо е училиштето, толку поголемо покачување. На пример, директор на училиште со над 50 паралелки ќе зема 49% повеќе од основната плата на наставник. Исто така, ќе добиваат додаток за стаж – по 0,5% за секоја година, до максимум 20%. Во пракса, тоа значи дека директорите ќе земат покачување од околу 15.000 денари. Според новата пресметка на плати, директорите добиваат значително зголемување , а наставните за утеха добија по 2.700 денари. Ова не е реформа, туку неправда која удира директно врз грбот на наставниците.”, вели Вереса
Во пракса тоа значи дека директорите ќе земаат покачување од над 15 000 еденари, вели Вереса, па според новата пресметка на плати наставниците добиваат утешнителни само 2,700 денари
Она што наведува секретарот Вереса од ОО СДСМ Штип е тоа дека оа не е реформа, туку неправда, која удира брз грбот на наставниците, а директорите ќе земаат покачување од околу 15 000 денари.
Иван Митев, М-Нет