Четири соби целосно реновирани на Акушерското одделение при КБ Штип со поош на донација вредна 10 илјади евра

Четири соби однонсо апартмани целосно се уредени за пациентките на Акушерското одделение при Клиничка болница Штип. Станува збор за донација од општествено одоговрна компанија вредна 10 илјади евра. Собите се еднокреветни и двокреветни со цел подобри услови за родилките и нивните бебиња.

„Самата донација се состои во вредност од 600 илјади денари, 10 илјади евра во реновирање на дел од Акушерското одделение и направивме четири апартмани, еднокреветни и двокреветни за родилките кои се сместуваат овде. Создадовме одлични услови во кои може да престојуваат додека се овде.“ – вели Ефтимова.

Во наредниот период тенденција е да се реновираат уште три простории, како и да се адаптираат собите за потребите на пациентите.

„Се надеваме дека во периодот кој следи ќе успееме да направиме и други реновирање и адаптирање на просторот бидејќи знаете ова е сепак стара болница и се трудиме со сите средства, со донации од општествено одговорни компании да напарвиме подобри услови за престој на трудниците.“ – додава Ефтимова.

Кога станува збор за вработување, недостасува кадар, но има одобрение за 19 приватни специјализанти кои ќе бидат вработени, а до средината на годината се очекува да се реши статусот и на над 40 вработени со договор на дело.

„Специјализанти се 19 кои ќе се вработат, за приватни специјализанти зборувам за кои е добиено одобрение, а 43 имаме од тие кои работат со договор на дело, 42 се сега моментално на кои им е продолжен договорот. Се надеваме дека до јуни ќе добијат и решенија„ – додава Ефтимова.

Од Акушерското одделение при КБ Штип велат дека условите се подобруваат со цел да се зголеми и бројот на родени бебиња.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет