
За речиси 69% е зголемен бројот на родени бебиња во штипската Клиничка болница ве месец јануари годинава споредбено со јануари 2024 година. Минатиот месец на Одделението за Гинекологија и Акушерство се родиле 54 бебиња, за разлика од јануари минатата година кога имало 32 родени бебиња. Ова е најголем број на родени бебиња во последните десет години.
„Јануари беше месец на бејби бум, имавме во последните десет години најголем број на родени бебиња 54. Во февруари сме некаде околу 30 малку помалку, меѓутоа и февруари е пократок месец.
Минатата 2024 година, штипската Клиничка болница ја заврши со околу 500 родени бебиња. Повеќе бебиња имало пред десет години кога се раѓале и по 900 бебиња. Но како што велат од Одделот за акушесртво, причините се многубројни, како иселувањето, пораѓај во приватни установи и слично.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет