Четири бесплатни автобуски линии за „Пастрмалијада 2026“ обезбедува Општина Штип преку ЈП „Стипион“

Бесплатен линиски превоз за манифестацијата „Пастрмалијада 2026“ обезбедува Општина Штип преку ЈП „Стипион 2011“, за жителите на Три Чешми, Чардаклија, Стар Караорман, Баби и Дузлак. Четири дополнителни автобуски линии ќе сообраќаат кон локацијата на манифестацијата, со поаѓања во 18 и 19 часот. Автобусите ќе застануваат на повеќе утврдени точки во градот. Повратниот превоз ќе започне од 00:15 часот од Градинка „Астибо“ и од бензинската станица на бул. „Партизанска“. Линиите ќе се повторуваат според потребите и пополнетоста на автобусите, најдоцна до 02:00 часот. Од ЈП „Стипион 2011“ информираат дека при враќањето може да има интервали на чекање до 30 минути.

Дополнително, од претпријатието апелираат до сите патници да ги почитуваат правилата за користење на јавниот превоз, со цел безбедно и непречено патување за сите.

Иван Митев, М-Нет