Чаир беше пресилен во Штип, пораз за Астибо – Анчева најпрецизна кај домашниот тим, Ѓорѓиевска кај гостинот!

Во рамки на 13. коло на плеј-офот од ракометната женска Суперлига екипата на Астибо претрпе нов висок пораз, откако Чаир во Штип немаше проблем да триумфира убедливо со 26:47.

Екипата на Чаир убедливата победа ја најави уште во првото полувреме, кога резултатот по првите 30 минути беше 14:25, а вториот дел беше рутина за тимот на Чаир, кој е предводен од Басри Љатифи.

Најпрецизна во таборот на Чаир беше Стефанија Ѓорѓиевска со 13 реализации, девет погодоци запиша Теодора Дукоска, додека пак кај Астибо стандардно најпрецизна беше Марија Анчева со девет погодоци, а Ана Марија Накова зад своето име запиша шест гола.

Во следното 14. коло од плеј-оф сегментот екипата на Астибо ќе игра против Вардар, а пак Чаир оди на дерби соочување со Металург Автокоманда.

Александар Ванев, М-Нет