
Еден од најпобаруваните производи во овој период од годината е лубеницата. Се нуди и по пазарите во истокот, но може да се најде и во обичен ден. Цената е пристојна и достапна за граѓаните, а во мометот се нуди по цена од 10 до 15 денари за килограм. Произведувачите велат тешко е да се произведе, бара многу работа и труд, а едвај се исплаќа да се продава по овие цени на пазарите.
„Лубеницата е 10 денари по килограм, дињата 20 денари, цената е падната малку. Побарувачка има. Ние сме ос Струмица , скапо е горивото ама дали се исплаќа или не мора да доаѓаме. Најтешко е да се произведе една лубеница,а уште потешко да се продаде.“
Освен напорна работа и труд за лубеницата е потребна добра почва, поднебје и наводнување. Но, со покачувањето на цените на ѓубривата едвај се исплаќа да се одгледува бостан.
„Ептен се високи, лани беше 600 денари една вреќа ѓубре, а сега 1600 денари. Значи три пати повеќе е качена цената.“
Лубеницата за растење и развивање бара голема количина на вода, пред сè затоа што ствара голема вегетациона маса и многу плодови, од која произзлегува значајна количина на вода. За одгледување на лубеници оптимално е потребно плодно, добро дренирано земјиште, со неутрална до блага и кисела реакција (pH 6,0-6,5). Погодни земјишта за одгледување на лубениците се чернозем, ливадска црница и алувијална почва, секако добро обезбедена со хумус, структурна и исцедна.Минималната температура на земјата за ртење е од 14-16 степени, а оптималната температура преку 25 степени. Оптималната температура за раст и развивање е од 26-28 °C.
Лаура Стојанова М-Нет