Паунов: Очекуваме во август или септември да започне реконструкцијата на мостот во Балван

Во средината на јули да се потпише договор со Министертсвото за Локална самоуправа, а веќе од август септември да се започне со реконструкација на мостот во Долни Балван се предвидувањата на градоначалникот на Општина Карбинци, Виктр Паунов. Тој уште еднаш потврди дека усен договор со министерството е направен, се чека официално да се потшие договорто, за во најбрз можен рок да започне реконструкција на мостот.

„Имаме некој усен договор со Министерството за Локална самоуправа по програмата за диспаритет, ги очекуваме официјално да бидеме повикани и да ги потпишеме договорите и оние средства кои ги договоривме да ни се додаделат од страна на министерството така да штом се потпише тој договор очекуваме до средината на месец јули и веднаш по потпишувањето на договорот ќе пристапиме кон јавен повик за избор на изведувач. Веќе од месец би рекол август или септември да се започне со реконструкција. Тоа е она, оние технички процедури и административни кои што ги чекаме од страна на државата, се надевам дека ќе бидат набрзо завршени и ќе може да почнеме со реконструкција многу брзо.“ – кажа Паунов.

И додека од една страна се чека отстранување на сите пречки за почеток на реконструкција на мостот кој ги поврзува селата Долни Балван и Таринци, во пракса истиот се користи и покрај поставените знаци и песокот. До сега мостот во ваква состојба е повеќе од половина година, откако попушти со зголемување на водостојот на река Брегалница, во декември минатата година.

Лаура Стојанова М-Нет